Top Sport

Бејл следната недела ќе реши дали заминува од Реал Мадрид

Герет Бејл ќе има клучен состанок со новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги оваа недела по кој ќе одлучи дали ќе си замине од европскиот шампион, со Манчестер јунајтед како можна опција, откако тимот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати 90 милиони фунти, тврди британскиот „Дејли мирор“.

Велшката суперѕвезда се врати во својот домашен град Кардиф минатата недела за да го отвори својот нов бар „Елевенс“, и неговите најблиски им пренел дека е „отворен“ за неговата иднина. Ова доаѓа откако тој постигна два гола во победата на Реал над Ливерпул во финалето на ЛШ, по што призна дека не е среќен од тоа што многу натпревари ги стартува на клупата.

Меѓутоа, сега ситуацијата е сменета – Зинедин Зидан замина и на негово место дојде Лопетеги, а во исто време и Кристијано Роналдо замина во Јувентус, така што се остава шанса Велшанецот да биде почесто во стартниот тим. Се верува дека Реал откако го загубија Роналдо, не се подготвени да продаваат, меѓутоа, тоа може да се смени ако на „Бернабеу“ според шпекулациите дојдат Еден Азар или Килијан Мбапе.

Scroll to Top