Top Sport

Пакјао се врати со нокаут против Матис и со ВБА титула!

Мани Пакјао повторно беше во својата доминантна форма за да го шокира актуелниот шампион Лукас Матис со нокаут во седмата рунда од мечот во Куала Лумпур за да ја освои ВБА титулата во велтер категорија.

39-годишната филипинска боксерска легенда изгледаше фокусирано и подготвено од почетокот на мечот пред 15.000 фанови во „Аскијата арената“, кои полудеа кога тој трипати го праќаше својот аргентински противник на подот.

Пакјао го нокаутираше противникот во седмата рунда со брутален аперкат за прва победа со нокаут од 2009 година, и сега има скор од 60-2-7 и бил шампион во рекордни осум тежински категории.

Scroll to Top