Достигнувањата на Герет Бејл честопати се намалуваат од страна на неговите критичари (посебно во Реал Мадрид), но 31-годишниот Велшанец може да се пофали со влегување во историјата на Европските првенства по 2:0 победата над Турција.
31-годишниот Бејл имаше фантастична асистенција за првиот гол на Арон Ремзи во првото полувреме, а потоа и му додаде на Конор Робертс во самиот финиш на мечот, а можеше да стане и стрелец ако не го утна пеналот во второто полувреме.
Тој е првиот фудбалер на ЕП од водењето на статистиката во 1980 година, кој асистирал за пет сериозни шанси. Велс речиси сигурно имаат место во осминафиналето, откако во првиот меч одиграа 1:1 со Швајцарија и ги чека дуел со Италија во последното коло.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Бејл со две асистенции, но и промашен пенал – Велс подобар од Турција