Top Sport

Бејл со втор гол против Австрија покажа дека е „мајсториште“!

Кога сите го „отпишуваат“, а посебно навивачите на Реал Мадрид и шпанските медиуми, Герет Бејл покажува дека уште има магија во нозете, постигнувајќи го и вториот гол за Велс да поведе со 2:0 против Австрија во баражот за пласман на Светското првенство.

По неверојатната „бомба“ од слободен удар во првото полувреме, во 51. минута од мечот по еден корнер, тој доби убава топка од Бен Дејвис, и не му даде шанса на австрискиот голман за уште еден фантастичен гол. Победникот од овој меч ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Шкотска и Украина, кој е одложен.

Бејл со магичен гол од слободен удар за Велс!

Scroll to Top