Top Sport

Португалците со многу среќа против Турција за дуел со Македонија

Португалија ќе биде нашата последна пречка на патот до Светското првенство во Катар, откако со 3:1 ја победија Турција, додека двата гола на Герет Бејл беа доволни за Велс да стигне до 2:1 победа над Австрија за пласман во финалето на баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Португалците бргу дојдоа во водство уште во осмата минута преку Отавио, а во финишот на првото полувреме, Диого Жота ја продолжи голгетерската серија за да донесе 2:0 водство. Но, ветеранот Бурак Јилмаз успеа да намали во 65. минута за да постави притисок на домаќините, пред во 83. минута да добијат совршена шанса за израмнување откако беше досуден пенал. Меѓутоа, обидот на Јилмаз беше очајнички лош, пред Матеуш Нуњес да ја потврди победата во 92. минута

Велс, пак, со двата гола на Герет Бејл, поведе со 2:0 против Австрија, пред Бен Дејвис да си постигне автогол во 65. минута од мечот за конечни 2:1.

БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП, ПОЛУФИНАЛЕ

Португалија – Турција 2:1

Италија – Македонија 0:1

Шведска – Чешка 1:0 по продолженија

Велс – Австрија 2:1

ФИНАЛЕ

Португалија – Македонија

Полска – Шведска

Велс – Украина/Шкотска

Scroll to Top