Top Sport

Бејл: Утре без симпатии за Украина, сакаме на Светско првенство

Капитенот на велшката репрезентација, Герет Бејл признава дека сите симпатии кон Украина поради војната ќе бидат ставени на страна во недела, кога ќе се обиде да го однесе Велс на првото СП од 1958 година во баражот за пласман во Катар 2022.

Украина ја совлада Шкотска со 3:1 на гости на „Хемпден“ во Глазгов во нивниот прв меч по инвазијата на Русија за да постават пресметка со Велс, но 32-годишниот Бејл вели дека нема да има милост бидејќи има уникатна шанса за настап на Светско првенство.

„Таа желба не доаѓа од некое ужасно место, туку е нешто што сакаме да го направиме за нашата земја, за нашите навивачи. Сите на светот сочувствуваат со Украина, но ова фудбал. Натпреварување, спорт, нешто што ги обединува сите. Знаеме што значи тоа за Украина, но значи многу и за Велс, сакаме на Светско првенство“, вели Бејл пред утрешниот натпревар.

Велс немаат пораз на домашен терен во последдните 18 мечеви, а Бејл постигна два гола за селекцијата на Роб Пејџ да ја совлада Австрија со 2:1 во март за да влезат во финалето на баражот, иако имаше епизодна улога во неговата последна сезона во Реал Мадрид.

Scroll to Top