Top Sport

Бејл во јануари заминува во Кина

Герет Бејл по пет години е подготвен да го напушти Реал Мадрид. Велшанецот и пред два месеци требаше да замине во Кина, но тогаш Реал во последен момент решија трансферот да не биде реализиран.

Бејл добро влезе во сезоната, но ритамот му го поремети црвениот картон против Вилјареал. Потоа повторно се повреди, а работите со тренерот Зидан кулминирале пред мечот со Бриж во Лигата на шампионите кога тренерот го оставил Велшанецот на трибините поради наводна повреда.

Поради тоа Бејл му наложил на менаџерот да стапи повторно во контакт со Шангај, а застапникот на фудбалерот побарал од клубот да не ги објавува медицинските извештаи за неговиот клиент во јавноста.

Шангај биле подготвени да му плаќаат на Бејл 30 милиони долари одишно, но не биле подготвени за него да платат обесштетување. Според правилата во Кина, клубот во касата на Сојузот уплаќа онолку пари колку што платил за трансферот. Тие пари потоа се инвестираат во развојот на фудбалот во Кина.

„Марка“ во вторникот објави дека Шангај сепак ќе уплатата некаква сума на пари и дека Бејл од јануари ќе се пресели на далечниот Исток.

Во моментов дресот на Шангај го носат Игало, Ел Шарави и Џовани Морено.

Scroll to Top