Британските медиуми тврдат дека Герет Бејл е пред трансфер во Кардиф сити, откако поранешната ѕвезда на Реал Мадрид денеска бил во посета на клубот за преговори со менаџерот Стив Морисон.
32-годишниот Велшанец ќе стане слободен играч на крајот на договорот со Реал на крајот на месецот и иако има повеќе понуди од Шпанија и од Англија, најверојатно ќе се реши за враќање во татковината за краткотраен договор за да биде подготвен за настапот со Велс на Мундијалот во Катар.
Според „Дејли мејл“, Бејл ќе замине на одмор, по што ќе се врати во Велс на 16 јули за да потпише договор со Кардиф, откако претходно самиот ја отфрли можноста да остане во Ла лига со Хетафе.