Top Sport

Бејлерин даде 25.000 фунти за слика на која тој е „светец“

Дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белјерин плати 25.000 фунти за слика на која е нацртан тој самиот од британскиот уметник Ендлес.

Шпанскиот бек побара од Ендлес да го наслика откако се сретна со него на неговата изложба минатиот август во Лондон и на сликата Бејлерин е со ореол и зад него е катедралата во Аугзбург, Германија.

Ова е дел од колекцијата „Боженства“ на Ендлес, во кои тој ги споредува модерните икони со тие од религиозното минато.

„За мене тој е еден од најкул британски уметници на денешницата. Неговата работа е храбра и сурова, но и со силна порака“, вели Белјерин.

Scroll to Top