Top Sport

Бејли избра – ќе игра за Јамајка

Леон Бејли, еден од најталентираните млади фудбалери на светот ги реши сите дилеми околу тоа за која репрезентација ќе настапува, прифаќајќи го повикот на репрезентацијата на Јамајка за мечот против малиот карипски остров Бонер следната недела.

20-годишниот фудбалер на Баер Леверкузен имаше шанси да настапува за Англија, но и за Германија, откако неговиот очув Крег Батлер ги подгреа шпекулациите дека не сака да игра за Јамајка.

„Леон и неговиот брат добија понуди за настап за Јамајка. Ја сакам мојата земја и моите момци ја имаат таа љубов, но можат да играат и за други репрезентации. Тие имаат британско и португалско потекло, живееја во Белгија и Германија“, изјави тогаш Батлер.

Меѓутоа, потоа од Англија стигна веста дека Леон Бејли, сепак, не може да игра за Англија бидејќи е роден во Кингстон, Јамајка и бидејќи ниту еден од неговите баба и дедо не се родени во Англија.

Бејли дојде во Леверкузен од Генк во јануари 2017 и постигна 13 гола во 53 настапи за клубот. Тој потпиша нов договор со кој ќе остане на „Бај Арена“ до 2023 година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top