Top Sport

Федерер самоуверен: Ме биваше и за фудбал (видео)

Роџер Федерер вели дека како дете бил и фантастичен фудбалер освен што имал афинитети кон тенисот.

„Кога имав 12 години победив на еден фудбалски турнир. Тоа беше навистина прекрасно. Играв сериозно фудбал кога бев млад, но играв против пријател кој исто така сега е тенисер. Игравме во две финалиња еден против друг. Еднаш загубив на пенали, но го постигнав мојот“, вели 37-годишната тениска легенда.

И на која позиција Федерер најдобро се снаоѓал?

„Бев напаѓач! Ми се допаѓаше постигнувањето голови, нормално!“, додава Федерер.

Ако се сомневате во неговите способности, еве едно интересно видео:

Scroll to Top