Top Sport

Бејли во Баер до 2023 година

Фудбалерот на Баер од Леверкузен, Леон Бејли, го продолжил договорот и во клубот ќе остане до јуни 2023 година.

Клубот, во понеделникот, соопшти дека 21-годишниот фудбалер од Јамајка до продолжил договорот за уште една година. Бејли во Леверкузен пристигна минатата сезона од Генк. За „аспиринџиите“, минатата сезона одигра 44 натпревари во сите конкуренции и постигна 12 гола.

За неговите услуги ова лето биеа заинтересирани неколку големи европски клубови, но Беар успеа да го убеди да остане во Леверкузен.

Scroll to Top