Top Sport

Модриќ: Глупави се тврдењата дека сум на страната на Интер

Фудбалерот на реал Мадрид, Лука Модриќ, ги демантирал шпекулациите дека сакал да го заштити Интер во моментот кога од „кралскиот клуб“ поднеле тужба против клубот од Милано.

Весникот „Газета дело спорт“, вчера пишуваше дека хрватскиот репрезентативец сакал да го заштити Интер со изјавата дека тој и неговиот менаџер први го контактирале италијанскиот клуб, бидејќи сакал да игра во своите соиграчи од репрезентацијата Брозовиќ, Перишиќ и Врсаљко.

Реал го тужи Интер бидејќи овој клуб спротивно на сите правила контактирал со играчот кој има цврст договор.

„Тоа е најголемата глупост во историјата“, напишал Модриќ на социјалните мрежи.

Преодниот рок во Италија заврши на 17.август, доколку Реал и Интер сепак постигнат договор, тогаш Модриќ би можел да се пресели во Серија А само како позајмен играч.

Scroll to Top