Контроверзниот газда на романскиот фудбалски гигант ФЦСБ (поранешна Стеауа), Џиџи Бекали вели дека неговиот клуб нема да дозволи ниту еден фудбалер кој е вакциниран против КОВИД-19 да игра за нив.
Романскиот бизнисмен и политичар, вели дека вакцинираните фудбалери се „без моќ“, и додава дека ривалите ЦФР Клуж и Рапид Букурешт имаат слаби резултати бидејчи нивните фудбалери се вакцинирани, посочувајќи кон 36-годишното крило Ципријан Деак.
„Вие ќе се смеете, но јас сум во право. Тие со вакцините немаат сила. Тоа е научно докажано. Нели го видовте тоа со ЦФР? Со Рапид, нивните фудбалери се онесвестуваат. Ги гледам и моите фудбалери, посебно вакцинираните. На некои тоа не влијае, но на постарите влијае многу. Видете го Деак, каде му е силата?“, вели Бекали.
Бекали уште е во конфликт со Романската армија, која е дозволува ФЦСБ да го користи името Стеауа, како поранешен воен клуб. Армијата вчера ја информираше Романската фудбалска федерација дек ФЦСБ не е „наследник на армискиот спортски клуб и нема право да ја носи ѕвездата (стеауа)“.