Top Sport

Бекам и „Адидас“ прославија 20 години соработка

Легендата на англискиот фудбал, Дејвид Бекам и „Адидас“ ја претставија новата „Капсул“ колекција за да се прослави 20-годишнината на соработката на иконата на Манчестер јунајтед со германскиот бренд.

Бекам освои низа трофеи, вклучувајќи шест во Премиер лигата и една од Лигата на шампионите со Јунајтед носејќи ги копачките на „Адидас“, и сега компанијата реши да му врати со нова верзија на „Предатор акселератор“, омилената копачка на Бекам.

„Кога ќе погледнам на најдобрите моменти во кариерата, една постојаност се ‘Предатор’ копачките. Тие секогаш биле на мене, и кога добив шанса да дизајнирам сопствена верзија, воопшто не размислував“, вели Бекам.

Scroll to Top