Top Sport

По неуспешните квалификации, Унгарија и Австрија со нови селектори

По неуспехот да се квалификуваат на Светското првенство во Русија следната година, Австрија и Унгарија ги сменија своите селектори.

Австрија го именуваше Франко Фода, тренерот на прволигашот Штурм Грац за нов тренер, и 51-годишниот Германец ќе го замени Швајцарецот Марсел Колер, кој заминува на крајот на годината.

Фода ги предводеше Штурм до австриската титула во 2011 година, по што накратко беше и во Кајзерслаутерн, пред да се врати во Грац во 2014 година. Австрија, 39. на листата на ФИФА, последен пат се квалификуваше на СП во 1998 година.

Нов селектор има и Унгарија, откако го ангажираа Белгиецот Жорж Лекенс на местото на Бернд Шторк, кој си замина по поразот од Андора и третото место во квалификациите за Русија. Лекенс во минатото бил тренер на осум белгиски тимови, меѓу кои и Андерлехт и Клуб Бриж, двапати беше селектор на Белгија и еднаш на Алжир.

Лекенс во исто време е поставен и за тренер на младинската репрезентација.

Scroll to Top