Поранешниот англиски капитен и легенда на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам денеска би требало да добие дозвола да отвори МЛС тим во Мајами.
Бекам го откри планот за формирање на фудбалски клуб во градот во јужна Флорида уште пред четири години, но оттогаш имаше низа проблеми околу обезбедувањето на прикладен стадион, а исто така ги смени и спонзорите.
Бекам го доби правото да бара МЛС тим преку договорот со кој играше во лигата во 2007 година и сега вели дека проблемите се минато.
„Ова беше долг процес, кој понекогаш многу болеше. Но, на крајот тоа оддолжување беше плус, бидејќи подобро го запознав градот и фановите. Верував во проектот и не се откажав и знаев дека ќе биде посебно. Јас сум упорен човек и не сакам да губам“, вели Бекам.
Welcome to Major League Soccer, @futbolmiamimls! pic.twitter.com/SPDCfBJbfc
— Major League Soccer (@MLS) January 29, 2018
Групацијата на Бекам се обиде двапати да обезбеди стадион во близината на океанот, но на крајот се избра локација во предградието Овертаун, каде што купија земјиште од 25 илјади квадратни метри.
Правото за клубот ќе го чини Бекам 25 милиони долари, што е помалку од „пазарната“ вредност, бидејќи сопственикот на Лос Анџелес ФЦ, кој ќе се приклучи на лигата во март плати над 100 милиони долари.