Top Sport

Јаховиќ со потпис за Коњаспор

Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ откако го одби продолжувањето на договорот со Гезтепе, потпиша две и пол годишен договор со Коњаспор за милион евра по година, јавуваат турските медиуми.

Јаховиќ, кој лани постигна 21 гол во втората турска лига, помагајќи по 14 години Гезтепе да се врати во Супер лигата, оваа година има 14 погодоци, но сега се збогува со жолто-црвениот дрес.

Според весникот „Абертурк“, Гезтепе се согласил за трансфер од 1.5 милиони фунти за 31-годишниот повремен репрезентативец.

Јаховиќ е најдобриот стрелец во историјата на Гезтепе.

Scroll to Top