Top Sport

Бекам: Фала Богу немаше Твитер кога добив црвен картон на СП во 1998

Поранешната англиска фудбалска ѕвезда, Дејвид Бекам вели дека е важно да се зборува за менталното здравје на фудбалерите потсетувајќи се на „бруталната“ реакција која ја доби по црвениот картон на Светското првенство во 1998 година.

Англија беше елиминирана од Аргентина во осминафиналето, откако Бекам доби црвен картон за шутирање на Диего Симеоне. Тоа предизвика тој да биде прогласен за еден од најомразените личности во Англија, добивајќи закани по неговиот живот. Насловната страница на весникот „Мирор“ тогаш прогласи: „10 херојски лавови, едно глупаво момче“, а потоа тие со копии на весникот подаруваа мета за пикадо со ликот на Бекам.

Тој, сепак, ја врати репутацијата и стана еден од најпопуларните спортисти на планетата.

„Направив грешка во 1998 година и реакцијата беше брутална. За среќа немаше социјални мрежи тогаш, бидејќи ќе беше многу поинаква приказна. Имав луѓе за поддршка во Манчестер јунајтед и тука беше моето семејство. Тоа беше поинаква ера, и никој не бараше помош за ментално здравје. Но, сега, на моите деца секогаш им кажувам дека е потребно да се зборува. Сега знаеме дека е океј да не бидеш океј и дека треба да го кажеш тоа“, вели Бекам.

Scroll to Top