Интер Мајами, новиот МЛС клуб во сопственост на Дејвид Бекам, го именуваше Уругваецот Диего Алонсо како прв тренер во нивната историја. 44-годишниот Алонсо, кој работеше во Мексико со Пачука и Монтереј, ќе го предводи тимот во првата сезона во МЛС со меч против Лос Анџелес галакси на 14 март.
Алонсо беше тренер во Уругвај и Парагвај, пред успешните периоди со Пачука и Монтере, освојувајќи ја мексиканската лига во 2016 и ЦОНЦАЦАФ Лигата на шампиони во 2017 со Пачука, пред да бидат трети на Светското клупско првенство.
„Во Диего најдовме тренер кој се поклопува со нашата култура и кој има желба да изгради победнички клуб за нашите навивачи. Тој носи искуство и шампионски менталитет и ние сакаме да станеме еден од најдобрите клубови во двете Америки“, изјави спортскиот директор на клубот, Пол Мекдонох.
Интер Мајами претходно објавија дека потпишале договор со панамскиот капитен Роман Торес и со поранешниот напаѓач на Стоук, Хуан Агудело.