Top Sport

Рома ја зголемила понудата за Крис Смолинг

Рома ја зголемила понудата да го откупи дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг на 15 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси, и со оваа подобрена понуда двата клуба се блиску до договор.

Според „Ла газета дело спорт“, двата клуба подолго време преговараат за успешната позајмица да ја трансформираат во постојан трансфер на „Олимпико“.

Англискиот клуб бара 20 милиони евра за централниот бек, а Рома е подготвена да даде вкупно 18 милиони евра и да му дадат петгодишен договор вреден 3.2 милиони евра по сезона. Во моментов, „волчицата“ плаќа 3 милиони евра на Јунајтед за Смолинг, кој имаше огромно влијание на играта на Рома, со 2 гола и една асистенција во 15 меча.

Scroll to Top