Лионел Меси е едно ниво над Кристијано Роналдо, вели легендата на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам, додавајќи дека Аргентинецот е во „сопствена класа“.
Поранешниот англиски капитен, Бекам, кој му го предаде дресот со број 7 во Јунајтед на Роналдо, а исто така играше пред него во Реал Мадрид, оценува дека Меси едноставно е во сопствена класа.
„Меси е во сопствена класа како фудбалер и невозможно е да има друг фудбалер како него. Тој, исто како и Кристијано Роналдо, кој не е на негово ниво, се глава пред другите“, вели Бекам за „Телам“.
Бекам еднаш имаше „пресметка“ со Меси во Лигата на шампионите при крајот на својата кариера, додека играше во Пари Сен-Жермен. ПСЖ играа со Барселона во четврт-финалето во 2013 година, победувајќи во двомечот со гол постигнат на гости со 3:3 резултат. Париз водеше на „Ноу Камп“, пред Меси да влезе во игра и Педро да го постигне одлучувачкиот гол.
„Водевме пред Меси да влезе, и тогаш тие дадоа гол. Уживав што играв на тоа ниво на моја возраст, но не сакав да губам. Не загубивме од Барселона и тоа ни беше голем мотив“, вели Бекам.