Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам е сопственик на фудбалскиот клуб Мајами, а неговиот клуб од идната сезона ќе игра во првата МЛС лига во САД.
Англиските медиуми шпекулираат кои играчи Бекам ќе ги донесе на Флорида. Британски „Сан“ исфрли застрашувачка постава.
На голот Харт, па Валенсија, Пике, Морено, Де Рси, Бускетс, Меси, Руни, Роналдо, Фалкао и Суарез.
Бекам во минатото спомена дека неговиот сон е да има фудбалски клуб, а во него да бидат и Меси и Роналдо.
Малку реално е да се очекува дека Меси, Роналдо и Суарез би можело веќе идната година да ги видиме во Мајами, но не е така тешко да се очекува во тимот да се најдат Руни, кој веќе настапува во САД и Де Роси, кој отиде во Аргентина, во Бока Јуниорс.
Едно е сигурно, Бекам со моќта на парите, но и со својот углед може да привлече познати имиња.