Top Sport

„Марка“ пишува: Бејл се договори со Џиангсу Сунинг од Кина

Велшкиот фудбалер кој по се изгледа е на излезна врата од мадридски Реал, Герет Бејл е многу блиску до потпис со кинескиот клуб, Џиангсу Сунинг, пишува шпанска „Марка“.

Реномираниот шпански медиум пренесува дека главниот дел од договорот е завршен, па останува само да се прецизираат деталите.

Информациите се дека Велшанецот ќе потпише тригодишен договор, а годишната плата ќе му биде 22 милиони евра.

Бејл во Мадрид стигна во 2013 година од лондонси Тотенхем за обесштетување од 100 милиони евра.

Велшкиот фудбалер со Реал четирипати ја освојуваше Лигата на шампионите.

Scroll to Top