Ко-сопственикот на МЛС клубот, Интер Мајами, Дејвид Бекам признава дека работи на случајот на Флорида да ги донесе Лео Меси и Кристијано Роналдо.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Милан, на промоцијата на новиот дрес на Мајами вели дека клубот има големи планови.
„Од првиот ден кажав дека академијата на тимот е најважниот проект и дека главната цел е да извадиме добри фудбалери. Но, бидејќи сме во Мајами, нашите фанови ги сакаат и големите ѕвезди. Веќе имаме такви во Гонзало Игуаин и Блез Матуиди, но за шоу е потребно да има и мега-ѕвезди. Мајами е одличен за фудбалери како Лионел Меси и Кристијано Роналдо и целта останува да ги донесеме тука“, вели Бекам.