Top Sport

Бекенбауер „куртули“ во истрагата за корупција, предметот е застарен

Етичкиот суд на ФИФА ја затвори истрагата за корупција против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер откако предметот застари, потврдија од светската куќа на фудбалот.

Бекенбауер како лидер на успешната кандидатура на Германија за СП во 2006 година уште во 2016 година беа обвинети дека исплатиле 10 милиони швајцарски франци на Мохамед Бин Хамам од Катар за гласови за изборот. Покрај Бекенбауер ослободени од обвиненијата се и Тео Цванцигер и Хорст Шмит.

Швајцарските федерални обвинители исто така го истражуваа случајот, но судењето „колабираше“ минатиот април исто така поради застарување на делото. Бекенбауер не беше обвинет таму поради здравствени причини.

75-годишниот Бекенбауер стана првиот фудбалер кој како капитен и селектор освои титула од Светското првенство, предводејќи ја Западна Германија до титулата во 1974, пред во 1990 да ја освои титулата како селектор на обединета Германија.

Scroll to Top