Јувентус објавија дека нивниот бек, Даниеле Ругани има позитивен тест на корона вирусот, и дека ги „активираат процедурите за изолација според законот“ на фудбалерот, но и на тие кои имале контакт со 25-годишниот Италијанец.
Ова може да значи вистинска катастрофа за италијанскиот шампион, кој денеска имаше тренинг како подготовка за реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион следната недела без Кристијано Роналдо, кој остана во Португалија.
Клубот додаде дека Ругани засега не ги покажува симптомите на болеста. Домашното првенство во Италија е ставено под клуч до 3 април. Ругани е првиот фудбалер во Серија А со позитивен тест.
Comunicazione urgente, calciatore positivo al COVID-19https://t.co/F8GPmlOBaU pic.twitter.com/dk4hJQ20EB
— JuventusFC (@juventusfc) March 11, 2020