Top Sport

Белгија без Бентеке на СП

Роберто Мартинез, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, го објави конечниот список на фудбалери што ќе настапат на Светското првенство во Русија. Од проширенито список отпаднаа Мац Селс, Кристијан Кабаселе, Лоран Симан, Џордан Лукаку и Кристијан Бентеке.

Белгискиот селектор на спискот има 24.фудбалери. тука е и Венсан Компани кој се повреди на пријателскиот натпревар против Португалија.

Големи изненадување за јавноста претставува неповикувањето на Кристијан Бентеке.

„Барам рамнотежа во репрезентацијата. Тешка беше одлуката за Бентеке. Решив на спискот да бидат двајца напаѓачи, а тоа се Лукаку и Матшуаи. Дрис Мертенс е трета опција во нападот, тој може да игра на таа позиција“, рекол Мартинез.

Навивачите преку социјалните мрежи го изразија незадоволството од изборот на Мартинез. Според нив не е реално на СП да не одат Наинголан и Бентеке, а во тимот да бидат Дендокер и Јанузај.

Составот на Белгија за СП:

Голмани: Коен Кастелс, Тибо Куртоа, Симон Мињоле

Одбрана: Тоби Алдервирелд. Дедрик Бојата, Томас Вермален, јан Вертонген, Леандер Дендокер, Венсан Компани, Томас Муние

Среден ред: Насер Шадли, Торган Азар, Маруан Фелаини, Аднан Јанузај, Муса Дембеле, Јури Тилеманс, Аксел Витсел, Кевин де Брујне

Напад: Јаник Караско, Дрис Мертенс, Миши Батшуаи, Еден Азар, Ромелу Лукаку.

Белгија на СП ќе игра во Г-групата заедно со Англија, Панама и Тунис.

Scroll to Top