Top Sport

Белгија и Холандија, мирољубиво и соседско реми (видео)

Белгија и Холандија одиграа 1:1 во пријателски меч на „Крал Бодуен“ во Брисел, со едно интересно полувреме, во кое и паднаа головите.

Домаќините стигнаа до рано водство, кога Дрис Мертенс во петтата минута постигна фантастичен гол по една мешаница во противничкиот шестнасетник, но „лалињата“ вратија бргу, кога во 27. минута кога Депај по една убава акција го пронајде Греневелд, кој го совлада Симон Мињоле.

Данска, по големите несогласувања со првите ѕвезди во тимот, полека ја врати рутината со 2:0 победа над Австрија во Копенхаген со головите на Леагер и Брејтвејт, додека Шведска и Словачка одиграа 1:1.

Фото: ЕПА

Scroll to Top