Top Sport

Гризман ги „уништи“ соништата на Германците, Гибралтар влезе во победничка серија! (видео)

Антоан Гризман постигна два гола во второто полувреме за на светските шампиони Франција да им ја врати самодовербата по неубедливото реми со Исланд со 2:1 победа над лутите ривали од Германија, кои имаа водство во првото полувреме.

Тони Крос во 14. минута ги донесе во водство гостите на „Стад де Франс“ со гол од пенал по играњето со рака во домашниот шестнаесетник, но ѕвездата на Атлетико Мадрид во второто полувреме го обезбеди целосниот пресврт.

Гризман прво во 62. минута доби одлично нафрлање од Лукас Ернандез и со глава го матираше Мануел Нојер, за во 80. минута тој да добие шанса од пенал да го реши мечот по остриот старт на Матс Хумелс, по кој судијата Милорад Мажиќ покажа на белата точка.

За Германија ова е продолжување на катастрофата по 3:0 поразот од Холандија во последното коло, и остануваат на дното во групата 1 во Лига А со само еден освоен поен и за дополнителен притисок над селекторот Јоаким Лев.

Во нашата група 4 од Лига Д, Гибралтар, репрезентацијата која направи сензација со победа во Ерменија (нешто што не им успеа на нашите репрезентативци), запиша и втора победа во натпреварувањето по 2:1 триумфот над Лихтенштајн, иако губеа со 0:1 на полувреме.

Украина под Андриј Шевченко суверено „гази“ кон Лига А, откако ја совладаа Чешка со 1:0 со голот на Руслан Малиновски, додека Велс, исто така во Лига Б во островското дерби со 1:0 славеше на гости кај разочарувачките Ирци.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 1

Франција – Германија 2:1

Табела: 1.Франција 7, 2.Холандија 3, 3.Германија 1

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Украина – Чешка 1:0

Табела: 1.Украина 9, 2.Чешка 3, 3.Словачка 0

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Ирска – Велс 0:1

Табела: 1.Велс 6, 2.Данска 4, 3.Ирска 0

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Норвешка – Бугарија 1:0

Словенија – Кипар 1:1

Табела: 1.Норвешка 9, 2.Бугарија 9, 3.Кипар 4, 3.Словенија 1

ЛИГА Д, ГРУПА 1

Казахстан – Андора 4:0

Летонија – Грузија 0:3

Табела: 1.Грузија 12, 2.Казахстан 5, 3.Летонија 2, Андора 2

ЛИГА Д, ГРУПА 4

Ерменија – Македонија 4:0

Гибралтар – Лихтенштајн 2:1

Табела: 1.Македонија 9, 2.Ерменија 6, 3.Гибралтар 6, 3.Лихтенштајн 3



Scroll to Top