Фудбалскиот сојуз на Белгија го одби Евертон, нивниот селектор Роберто Мартинез, во исто време да го предводи и клубот од „Гудисон парк“.
Евертон, поради лошите резултати, доцна во саботата, го отпушти Рафа Бенитез. Наредниот ден од „Гудисон парк“ на Белгијците им предложиле, Мартинез до Светското првенство во Катар да обавува две функции, а потоа да и се посвети само на работата во клубот.
Белгијците ја одбиле понудата со образложение дека Мартинез треба да и биде посветен само на репрезентацијата, бидејќи има големи амбиции на Светското првенство.
Робето Мартинез го предводеше Евертон од 2013 до 2016 година.
Англиските медиуми, тврдат, дека најблиску до клупата на Евертон сега се легендарните фудбалери Вејн Руни и Френк Лампард.