Во белгиската репрезентација постои оптимизам дека плејмејкерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне ќе се врати на мечот против Италија и покрај повредата, тврди весникот „Де стандард“.
Де Брујне го повреди скочниот зглоб на вчерашниот меч против Португалија, но повредата не е толку сериозна и тој може да биде подготвен за четврт-финалниот дуел од ЕУРО 2020 во петок.
Еден Азар, пак, речиси сигурно нема да биде дел од репрезентацијата, откако се верува дека има посериозна повреда на бутниот мускул, откако побара да биде заменет по 87 минути од вчерашниот меч, кога неговиот брат Торген Азар го постигна единствениот гол за 1:0 победа.