Белгиската полиција објави дека го истражува инцидентот предизвикан од белгиски и холандски хулигани по кој еден полицаец остана со скршена вилица, а 120 луѓе беа уапсени.
Инцидентот се случи во кафе-бар по мечот на Бриж против Антверпен, а во него беа вклучени и фанови на холандскиот клуб АДО Ден Хаг, кои се „сојузници“ со Бриж од една страна, и фанови на Вилем Втори од Тилбург, кои се „сојузници“ со Антверпен.
„Истрагата трае и бараме докази за тоа кој одиграл најважна улога во инцидентот“, објави полицијата од Бриж.
Насилството е ретко во белгискиот фудбал, иако мечот меѓу Бриж и Антверпен, нивни прв по 13 години, беше сметан за меч од висок ризик.