Top Sport

Тео Ернандез: Можеби ќе се решам за Шпанија

Бекот на Реал Мадрид, Тео Ернандез вели дека може да се реши да настапува за шпанската репрезентација, доколку неговата родна Франција продолжи да го „игнорира“.

20-годишниот Ернандез, кој е роден во Марсеј, може да игра за Шпанија, бидејќи цела деценија живее таму, а очигледно има конфликт со Француската фудбалска федерација (ФФФ).

Тој одби да игра за тимот под 21 година во текот на летото, по што француските медиуми го најдоа на одмор во Марбеља. Тоа го налути претседателот на ФФФ, Ноел ле Грет и Ернандез оттогаш нема добиено понуда.

„Не ја отфрлам можноста да играм за Шпанија, бидејќи двапати Франција не ме повика за У-21 тимот и тоа ме прави нервозен. Ако повторно не ме викнат, ќе видам кои се моите опции“, вели Ернандез.

Scroll to Top