Top Sport

Белгискиот голман Ван Дам ја загуби битката со леукемијата на само 28 години

Белгискиот голман, Мигуел ван Дам, кој целата своја кариера играше за Серкл Бриж, починал на само 28 години по петиполгодишна битка со леукемијата, објавија белгиските медиуми.

Ван Дам, чија сериозна болест била откриена на медицински тестови пред стартот на сезоната 2016/17, двапати објавуваше дека успеал да ја победи болеста, пред во септември 2020 да му се врати по третпат. Неговата сопруга, Кијана Добеларе, со која доби ќерка Камил во мај 2021 ја потврди смртта во емотивен пост на социјалните мрежи.

„Нашиот најмил тато замина за последниот меч вчера, меч кој веќе не може да се добие. Не напушти споро, но на сопствен начин, секогаш силен. Се бореше како лав и благодариме за твоето присуство. Беше пример за сите“, напиша Добеларе.

Scroll to Top