Белгискиот селектор Роберто Мартинез му порача на Ромелу Лукаку да си замине од Манчестер јунајтед ова лето, бидејќи бил „мета“ по слабите резултати на англискиот премиерлигаш.
Лукаку е прва цел на новиот шеф на Интер, Антонио Конте, кого неодамна го опиша како „најдобриот тренер на светот“ и Мартинез се согласува дека тој мора да замине на друго место.
„Мислам дека е јасно дека на Ромелу му е потребен нов предизвик. Во неговиот случај трансферот би бил многу добар за фудбалерот и за клубот. Тогаш обично се случуваат трансфери. Серија А е добар избор за него, иако тој може да игра во секоја лига. Неговиот период во Манчестер јунајтед не беше неуспех, но тимот не ги оствари своите цели и важните фудбалери, како Ромелу и Пол Погба беа мета на критики“, вели Мартинез.