Top Sport

Белингем делел подароци во Дортмунд пред преселбата во Мадрид

Иако вчера беше крајно разочаран што неговите Борусија Дортмунд ја пропуштија титулата во Бундеслигата на драматичен начин, Џуд Белингем почнал да се збогува со луѓето во Дортмунд пред веројатнатa преселба во Реал Мадрид ова лето, јвуваат германските медиуми.

Веќе подолго време се пишува дека англискиот талент веќе ги договорил личните услови со „кралевите“ и дека сега се чека само договор меѓу двата клуба. Шпанските медиуми пак, објавија дека Флорентино Перез, претседателот на Реал, веќе им кажал дека се работи за „завршена работа“.

Според весникот „Рур нахрихтен“, 19-годишниот Белингем, кој не играше на последниот меч против Мајнц поради проблеми со коленото, во неделата заедно со неговата мајка поделил подароци на своите соиграчи и на членовите на Борусија по неделниот тренинг.

Scroll to Top