Top Sport

(Видео) Хајденхајм ја расипа забавата на навивачите на Хамбургер

Хамбургер, клубот кој првпат во својата историја испадна од лигата во 2018, ќе почека да се врати во Бундеслигата, иако нивните навивачи прво прославија, а потоа беа фрлени во очај.

По 1:0 победата на гости кај Сандхаузен, навивачите на ХСВ влегоа на теренот, бидејќи во тој момент Хајденхајм губеше со 1:2 на гости кај Регензбург. Но, тие во 93. минута израмнија на 2:2, за во 100. минута да дадат за 3:2, за да го осигураат првото место на табелата и заедно со Дармштат влегоа директно во Бундеслигата.

Сепак, ова не е крај за ХСВ – тие ќе имаат шанса да влезат во Бундеслигата преку баражот, во кој ќе играат со Штутгарт.

Scroll to Top