Top Sport

Белингем има најголема вредност од сите играчи во Бундес лигата

Специјализираниот поратл за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“, ги ажурираше пазарните вредности на фудбалерите.

„Трансфермаркт“, во оваа прилика го состави идеалениот тим во Бундес лигата, по принципот секое место во тимот да го зазема најскапиот играч на таа позиција.

Најскап играч во овој тим е Џуд Белингем од Борусија Дортмунд. Неговата вредност на фудбаскиот пазар е проценета на 120 милиони евра. Следуваат Џамал Мусиала од Баерн (110 милиони евра), Флоријан Вирц од Баер (85 милиони евра), Џошуа Кимих од Баерн (80 милиони евра) и Јошко Гвардиол од Лајпциг (75 милиони евра).

Вкупната вредност на овој тим изнесува 845 милиони евра.

Scroll to Top