Top Sport

Белингем ќе биде наследникот на Модриќ во Реал Мадрид

Реал Мадрид се подготвуваат за претстојниот преоден рок, во кој главни мети им се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд и во исто време размислуваат за летниот преоден рок кој ќе се одржи во 2023 година.

Реал, во 2023 година, планира на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе играчот кој ќе го замени Лука Модриќ. Хрватот и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал, а потоа веројатно ќе ја заврши кариерата.

„Кралскиот клуб“, мора да најде замена за освојувачот на Златната топка во 2018 година.

Според шпанските медиуми, во 2023 година, намерата на Реал е да го ангажира Џад Белингем од Борусија Дортмунд. Во Реал сметале дека според нивните анализи, Англичанецот е идеален играч за Реал.

Белингем има само 18 години, во Борусија Дортмунд пристигна од Бирмингем во 2020 година за 25.000.000 евра. Се претпоставува дека за трансферот на Белингем, Реал ќе мора да издвои најмалку 100.000.000 евра.

Scroll to Top