Фудбалскиот сојуз на Германија го казни Џад Белингем за изјавата што ја даде по натпреварот Борусија Дортмунд-Баерн Минхен. Натпреварот заврши со победа на Баварците 3:2.
Баерн го доби дербито во Дортмунд со голот на Левандовски од пенал во 79.минута. Судијата Феликс Цвајер досуди пенал за Баерн, откако Хумелс играше со рака пред својот гол.
„Имавме судија кој е обвинет за местење на натпревар. На тој судија му дадовте да го суди најголемиот натпревар во Германија. Што можевте да очекувате? Мислам дека немаше пенал, Хумелс воопшто не ја виде топката, која потоа го погоди во раката“, рекол Белингем.
Фудбалскиот сојуз на Германија парично, со 40.000 евра, го казни Белингем. Истрага за овој случај отвори и обвинителството.