Top Sport

Белингем под истрага на обвинителството во Дортмунд

Џад Белингем се наоѓа под полициска истрага, поради изјавата дадена по дербито Борусија Дортмунд-Баерн Минхен (2:3). Коментарот на Белнгем бил насочен кон судијата Феликс Цвајер.

Големото дерби го реши Роберт Левандовски од пенал во 79.минута. Цвајер досуди пенал за Баерн, откако Матс Хумелс играше со рака пред својот гол.

„Имавме судија кој е обвинет за местење на натпревар. На тој судија му дадовте да го суди најголемиот натпревар во Германија. Што можевте да очекувате? Мислам дека немаше пенал, Хумелс воопшто не ја виде топката, која потоа го погоди во раката“, рекол Белингем.

Цвајер, во 2005 година, беше суспендиран на шест месеци, откако судот пресуди дека учествувал во местење на еден натпревар.

Поради оваа изјава на Белингем, случајот е проследен до обвинителството во Дортмунд. Обвинителот треба да процени дали има елементи за покренување постапка против фудбалерот на Бирусија.

Scroll to Top