Џуд Белингем и покрај интересот што за него го покажува Реал Мадрид има желба да се врати во Англија. Англискиот репрезентативец, од Бирмингем, пред две три години се пресели во Дортмунд. Новинарот на „Билд“ и еден од еден од најдобрите фудбалски инсајдери во светот, Кристијан Фалк,, тврди дека Белингем сака трансфер во Ливерпул.
Белингем блеска на Светското првенство во Катар, со што само ја зголемува својата цена. Тој со Англија ќе игра во четвртфиналето против Франција.
Според прогнозите, наредното лето за Белингем, Борусија Дортмунд ќе бара меѓу 100.000.000 и 150.000.000 евра.
Ливерпул е фаворит за ангажирање на Џуд Белингем, чие семејство претпочита негова преселба на „Енфилд“. Наводно, преговорите се движат во добра насока и во летниот преоден рок ќе се случи еден од најголемите трансфери во светскиот фудбал.