Top Sport

Белјерин: Откако станав веган помалку се повредувам

Дефанзивецот на Арсенал, Ектор Белјерин вели дека откако станал веган на стартот на сезоната, помалку се повредува и останува во топ-физичка форма оваа сезона.

Шпанецот прво „експериментирал“ со исфрлање на животинските продукти во обид да изврши „детоксизација“ пред стартот на сезоната, но бидејќи му одело добро, решил да продолжи со диетата. 23-годишниот Белјерин вели дека веганската исхрана носи голем број на погодности, вклучувајќи брзо опоравување по тешки натпревари.

„За мене најважно е запалението на мускулите по мечевите и брзината со која се опоравувам по натпреварите. Секогаш имав проблем со скочните зглобови по тешки мечеви, бидејќи добивав запаление и болки. Сега дури не ми требаат ниту стегачи. Исто така секое утро едвај се будев, но сега одеднаш сум полн со енергија“, објаснува Белјерин.

Тој исто така вели дека откажувањето од животинските продукти е и „морално прашање“.

„Не само што прави разлика во телото, туку исто така верувам дека тоа што го правиме на земјата ќе ни се врати“, објаснува Белјерин.

Фото: ЕПА

Scroll to Top