Top Sport

По регионалната круна, Вардар и со домашната титула

ЖРК Вардар ја одбрани титулата од македонскиот шампионат, по убедливиот триумф од 47:17 над Металург за по 21 коло да се недостижни на табелата со 63 поени, 22 повеќе од Металург на седум кола пред крајот на шампионатот.

Вардар исто така ја мина и бројката од 1.000 постигнати голови оваа сезона, бидејќи имаат вкупно 1.009 гола по 47-те кои им ги дадоа на Металург.

Против Металург, Вардар направи предност од 22:5 на полувремето, а најефикасни на теренот беа Сара Ристовска со 12 и Јована Саздовска со 11 голови.

Оваа недела, Вардар исто така ја одбрани титулата од ВРХЛ лигата по четвртиот турнир во Скопје.

Фото: ЖРК Вардар

Scroll to Top