Top Sport

Белјерин се откажува од платата од 100.000 фунти неделна само да го пуштат да игра за Бетис

Ектор Белјерин е подготвен да се откаже од неговата плата од 100.000 фунти неделно (5.7 милиони фунти годишно),само Арсенал да го пуштат да се врати во Реал Бетис следната сезона по крајот на едногодишната позајмица.

Шпанецот минатата сезона со Бетис, клуб за кој навива тој и целото негово семејство, ја освои титулата од Копа дел реј, но клубот потврди дека не е способен да го заддржи и во 2022/23. 27-годишниот Белјерин има уште една сезона од договорот со „топчиите“, кои пак, бараат 8.5 милиони фунти за било кој потенцијален трансфер. Белјерин изјавуваше дека во Лондон го „замразил“ фудбалот, пред да ја врати страста во Андалузија и постојано велеше дека сака да остане во Бетис.

По пристигнувањето на Фабио Виеира од Порто, Арсенал се заинтересирани и за Габриел Жесус од Манчестер сити и Јури Тилеманс од Лестер, така што сумата од потенцијалниот трансфер на Белјерин би била добродојдена за буџетот на клубот од северен Лондон.

Scroll to Top