Top Sport

Белодедиќ објаснува како се мести натпревар: Постојат многу начини

Белградска Црвена Звезда е погодена со аферата за наместен натпревар, по неодамнешното гостување кај ПСЖ во Париз кога загуби со високи 6:1. Медиумите од Франција излегоа со тврдења дека дел од челниците на српскиот клуб уплатиле милиони на пораз на својот тим од 5 гола разлика.

По тој повод, легендарниот одбранбен играч на шампионскиот тим на Звезда, столбот на одбраната, Миодраг Белодедиќ објасни како се одвива местењето на натпревар.

„Еден натпревар помеѓу Стеауа и Клуж мораше да заврши нерешено. Исто еден натпревар против Бистрица договорено беше да заврши без победник. Како се прави тоа? Натпреварот почнува со нормален пристап, се игра чисто на почетокот. Кога ќе постигнете гол, тогаш на противниците им пуштате и тие да дадат гол“ – вели Белодедиќ.

За тоа како се „пушта“ противникот да ви даде гол, тој вели „постојат многу начини. Наместо да тргнете кон топката, ја чекате таа да дојде кај вас. Кога има корнер или слободен удар, не ги чувате вашите противници. Кога напаѓачот шутира, вие ја дигате ногата за топката да помине под неа“

Scroll to Top