Top Sport

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Во март наредната година ќе започнат квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Да потсетиме, Македонија е во група со Италија, Англија, Украина и Малта.

Една од репрезентациите под посебни санкции поради поддршката на руската инвазија на Украина е Белорусија. Таа не смее да игра на домашен терен и пред своите навивачи. Белорусите во друга држава ќе бидат домаќини.

Потегот на УЕФА ги изненади фудбалските фанови, со одлуката Белорусија првиот меч против Швајцарија да го одигра во Нови Сад.

Носители на играта на Швајцарија се Гранит Џака и Џердан Шачири, кои во минатото влегуваа во конфликт на теренот со српските фудбалери и навивачи. Се уште се свежи сеќавањата од Катар и дуелот Србија-Швајцарија, кога на теренот имаше серија инциденти.

Scroll to Top