Андреа Белоти, конечно, е пред потпишувње на договор со Рома, кои ќе направат место за него во тимот со продажба на тинејџерот Феликс Афена-Гијн на новиот прволигаш Кремонезе, јавува „Калчомеркато“.
19-годишниот талент од Гана, Афена-Гијан се најде неочекувано меѓу шпекулации откако наводно го повредил Жоржињо Вајналдум на тренинг и затоа Жозе Мурињо се решил да го продаде, но ова беше демантирано од португалскиот тренер. Сепак, за да го донесат поранешниот капитен на Торино, кој е слободен играч, тој ќе биде продаден на Кремонезе за 7 милиони евра, без опција да се врати во „волчицата“.
Белоти ќе потпише тригодишен договор со Рома со годишна плата од 2.8 милиони евра по сезона.
Roma, finalmente Belotti: Felix va alla Cremonese e fa cantare il Gallo https://t.co/muRCtTwBIA
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 23, 2022