Top Sport

Белоти во Фиорентина

Андреа Белоти (30) до крајот на сезоната ќе игра во дресот на Фиорентина. Рома и Фиорентина постигнаа договоро околу позајмицата на искусниот напаѓач.

Белоти, како слободен играч, пристигна во Рома од Торино во август 2022 година како италијански репрезентативец и големо засилување, но во Рим не покажа буквално ништо.

Поради тоа реши да ја прифати понудата од Фиренца.

Во дресот на Рома постигна шест гола на 22 настапи, додека во Торино шест последователни сезони редовно имаше двоцифрен голгетерски учинок.

Пред да замине на „Артемио Франки“, тој ги одби понудите од Волфсбург, Бетис и два клуба од МЛС.

Scroll to Top